Вујин: Ремито со Порто е најкоректен исход на овој дуел

Марко Вујин беше еден од ретките расположени играчи во бековската линија на Вардар. Србинот по ремито со Порто (25-25) во Лигата на шампионите истакна дека поделбата на бодови е најкоректен резултат, затоа што португалскиот првак покажал доста добра партија.

„Порто одигра фер и коректно. Имавме доста проблеми во нападот, технички грешки и промашени зицери. Поделбата на бодови е најкоректен резултат ако се земе предвид дека не бевме на исто ниво претходно како со Флензбург. Порто тоа добро го искористи“, изјави Вујин по натпреварот.

35-годишниот бек во мрежата на Порто успеа да постигне пет погодока од осум обиди и беше втор стрелец на тимот веднаш зад Иван Чупиќ.