Вујин го напушта Кил и потпишува за Фуксе Берлин

Српскиот интернационалец и поранешен репрезентативец, Марко Вујин ќе го напушти Кил по завршувањето на оваа сезона. „Зебрите“ не му го продолжија договорот на десниот бек, а постоечкиот му завршува во јуни годинава. Фуксе Берлин е клубот кој му нуди најдобри услови и големи се шансите дека Вујин ќе остане во Бундеслигата, но ќе го смени клубот. 

Фуксе Берлин во Вујин гледа замена Фабијан Виде и Марко Копљар, кои се на истек на договорот. Така, Вујин веќе знае дека иднината му е далеку од „Шпаркасе Арена“. 34-годишниот Србин дојде во Германија од Веспрем во 2012 година, а претходно го носеше дресот на Дунафер и матичниот Синтелон.

Во „бело-црниот“ дрес Вујин ја освои Бундеслигата и Лигата на шампионите, а годината се најсериозни кандидати за освојување на ЕХФ Купот, чиј завршен турнир се игра токму во Кил. 

Со српската репрезентација освои сребро на Европското првенство во 2012 година.