ВИДЕО: Вујин го даде нај-голот на Вардар, го покажа „топот“ во раката

Српскиот ракометар Марко Вујин беше стрелец на најдобриот гол за Вардар во СЕХА-финалето против Веспрем кое „црвено-црните“ го загубија и останаа без титулата во регионалното натпреварување.

Бекот во вториот дел од натпреварот доби една топка и со „бомба“ од далечина покажа дека се уште во него постои ракометната магија. Вујин имаше проблеми со повредите, но во Вардар е да се врати во старата форма.

  • Голот на Вујин против Веспрем:

Србинот кој има 35 години е едно од летните засилувања во бековските линии, а пристигна од Спортинг Лисабон.

ФОТО: UROS HOCEVAR / KOLEKTIFF