• Мартин Танасковски
Шпанскиот ракометен тренер Роберто Парондо ќе го напушти Мелзунген и од следната сезона ќе го преземе ПСЖ, пренесува „РТХендбол“.
Парондо има одлична работа во Мелсунген, а сето тоа го привлече вниманието кон екс-тренерот на Вардар 1961 со кого македонскиот тим стана европски шампион. Доколку ова се потврди, ќе станува збор за голем чекор во кариерата на Парондо, со оглед на амбициите и буџетот со кои располага францускиот гигант.
ПСЖ традиционално се бори за титулите во домашното првенство и за висок пласман во европските натпреварувања, па ангажманот на шпанскиот стратег би значел нов почеток и свежа енергија за тимот.
Доколку работата се официјализира, тоа ќе биде вториот тренер од Вардар кој станал европски првак, а да работи во ПСЖ, по Раул Гонзалез кој моментално е селектор на Србија и ќе го води Партизан.

