ВИДЕО: Втората „бомба“ на Фитиљ во ТОП 3 на колото во ЛШ!

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер во одлично светло се претстави во Париз, во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

„Зелено-белите“ загубија минимално од ПСЖ со 31-29, но малку фалеше сезоната да започне со големо изненадување. Во таборот на пелистерци одличен натпревар одигра капитенот Филип Кузмановски, кој беше автор на осум гола, а два од нив беа навистина спектакуларни. За едниот веќе дозна цела Европа, бидејќи се вртеше на социјалните мрежи на ЕХФ Лигата на шампионите, додека втората „бомба“ си доби свое место во најатрактивните голови на колото.

Покрај Кузмановски, во овој избор се и головите на Дибиров, Гидсел, Суарез и Абди.