Втора СЕХА радост на Металопластика, во Шабац падна Спартак Москва 

Ракометарите на Металопластика ја запишаа втората победа во новата сезона на СЕХА лигата, откако по херојскиот успех против Мешков Брест, вечерва совладан беше тимот на Спартак Москва, со резултат 27-23.

Избраниците на Веселин Вуковиќ му се реваншираа на рускиот претставник за поразот во Москва од пред еден месец и по моќни втори 30 минути донесоа нова радост за своите фанови. Спартак одигра одлично прво полувреме и беше надмоќен во секој сегмент. Брзо го презеде водството кое не го испушти и на полувреме замина со позитива од три гола, 12-15.

  • Потег на натпреварот: 

Ниту на стартот од вториот дел настаните на мечот не се променија. Русите ја чуваа позитивата од три гола разлика, но српскиот вицешампион влезе во ритам во клучните моменти, во 46. минута израмни на 21-21, а потоа со серија од 6-2 стигна до заслужена победа на овој меч. 

  • Извештај од натпреварот: 

Књајиќ со осум и Матиќиќ со седум гола беа најпрецизни во домашниот табор, додека кај Спартак се истакнаа Деревен со седум и Рабов со пет гола.