• Саше Љолес
Репрезентацијата на Црна Гора стигна до вториот триумф во групата Б на Светското ракометно првенство и славеше со преубедливи 41-26 над селекцијата на Парагвај.
Црногорките во ниту еден момент не го доведоа во прашање победникот на овој меч, иако на паузата немаа голема предност и водеа со 15-17. Вторите триесет минути донесоа целосен распад на Парагвајките, по што Црна Гора без проблеми стигна до нов убедлив триумф, со кој обезбедија пласман во втората фаза од Мундијалот. Павиќевиќ и Мугоша ја предводеа својата селекција, првата со девет, а втората со уште осум погодоци.
Германија славеше убедлив триумф над Иран со во второто коло од групата Ф. Европската селекција доминираше уште по првото полувреме кое го доби со 25-12, а потоа само рутински го потврди триумфот во вторите триесет минути.
Јоана Штокшладер беше вистински предводник на својот тим и со осум гола беше најефикасна кај Германките, кои на крајот триумфираа со конечни 22-45 и веќе го обезбедија пласманот во елиминациската фаза од Мундијалот.
На останатите натпревари, Франција без проблеми славеше над Исланд со 31-22, додека Холандија убедливо го „торпедираше“ Конго со огромни 40-20.