Втор трофеј на Ројевиќ: Охрид го освои турнирот „Вук Рогановиќ“ во Белград!

Македонскиот суперлигаш Охрид го освои вториот трофеј под водство на Борис Ројевиќ. Со доаѓањето на српскиот стратег, како и со паметната трансфер-политика на клубот, Охрид веќе почна да реди победи и на меѓународна сцена.

По победата над Динамо Панчево во полуфиналето со 20-27, денес „гладијаторите“ го совладаа и словенечкиот состав на Тримо Требње, предводен од Бранко Тамше, и го освоија меѓународниот турнир „Вук Рогановиќ“ во Белград. Охрид имаше водство во текот на целиот натпревар, а на крај славеше со 23-27. Пехарот го подигна капитенот Гоце Ојлески.

Претходно, во текот на летните подготовки Охрид триумфираше на домашниот турнир „Крсте Андоновски“.