Втор тест и втора победа за пелистерци, совладан Сесвете во доминантна партија

Втор тест натпревар и втора победа на ракометарите на Еурофарм Пелистер на подготовките во Хрватска. Во дуел против второпласираната екипа во регуларниот тек на хрватското првенство, Сесвете, водена од поранешниот хрватски репрезентативец Силвио Ивандија, битолчани издвојуваа победа од 25-30 (11-14).

Како и против Целје Пивоварна Лашко пред два дена, пелистерци водеа шеесет минути, а беа засилени меѓу стативите со Унгарецот Секељи. Младите Кузманоски, Костески, Атанасијевиќ и Танкоски имаа одличен настап, а стандардно добри беа Табоада и Периќ.

Пријателски натпревар:
Сесвете – Еурофарм Пелистер 25-30 (11-14)

Спортска сала во Сесвете

Сесвете:
Пуриќ, Кахлина, Крндец 3, Топиќ 4, Чуло, Баковиќ, Станиќ, Духенчиќ 4, Готал, Вусиќ 2, Крешиќ 3, Гавриќ 4, Харч, Зовак 2, Штрковиќ, Хршак 3
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Ивановски, Ојлески 1, Кукуловски 1, Атанасијевиќ 4, Кузманоски 3, Танкоски 2, Периќ 6, Костески 4, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ 1, Граџан 3, Обрадовиќ 1, Табоада 4, Арсеновски
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 8 минути

Последниот пријателски натпревар ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе го имаат в петок против првакот на Хрватска ППД Загреб.