Врвна партија на Кузмановски, му даде девет гола на Штутгарт!

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски одигра врвен натпревар во Бундеслигата, еден од најдобрите по неговиот трансфер во оваа лига.

Хановер на домашен терен убедливо го доби Штутгарт (33-23), а македонскиот среден бек беше главен креатор на победата меѓу стрелците. Кузмановски го заврши натпреварот со девет постигнати гола од 12 обида и беше прв стрелец на мечот.

Зад него заврши клупскиот колега Иван Мартиновиќ со пет гола, додека кај Штутгарт, Зикер имаше четири реализации. На овој меч настапи и Жарко Пешевски во дресот на Штутгарт, но немаше реализација (0/1).

На останатите натпревари во Бундеслигата, Рајн Некар Левен победи кај Балинген (22-31), Фуксе Берлин дома го надигра Лемго (29-23), успешен беше и Гепинген на гостувањето кај Ерланген (23-25).