• Иван Димовски

Ракометарите на Вардар 1961 го добија дербито против Еурофарм Пелистер со 31-24 (13-10), со што направија сериозен исчекор кон титулата во Суперлигата. Овој натпревар во СЦ „Јане Сандански“ за жал одново го одбележа сериозен инцидент. „Чкембарите“ почнаа да фрлаат со пиротехнички средства кон публиката, додека „Комитите“ луто реагираа и истрчаа на теренот кон трибината на противничките навивачи.
Сепак, покрај тензијата која беше присутна константно на трибините, постоеше и тензија на самиот терен. Во вториот дел, по еден жесток дуел на Куни Моралес и Каспер Кисум, дојде до мешаница. Во неа се вмеша и тренерот на вардарци кој го оттурна Гоце Ојлески, а потоа ситуацијата беше смирена.
Вардарци на крајот славеа во дербито со огромна разлика, па во Битола во мај треба да ја потврдат скопската победа.