Време е за историја: В сабота и в недела прашка Славија гостува во Куманово

Победникот на македонскиот ракометен Куп во женска конкуренција, ЖРК Куманово ги одреди термините за двата натпревари против чешкиот клуб Славија од Прага во рамките од второто коло на ЕХФ Купот. Како и минатата година, кумановчанки двата натпревари ќе ги играат пред своите гледачи и се надеваат дека ќе стигнат до третото коло на натпреварувањето.

В сабота од 18:30 часот ЖРК Куманово ќе биде номинално домаќин, а следниот ден во истиот термин и гостин на чешката Славија. Со оглед на формата на девојките на Симовски и добрите подготовки, спортско Куманово со право е оптимист пред овие натпревари. 

Леонида Гичевска, Ангела Јанкуловска, Катарина Косановиќ, Медеа Чокели и Наталија Пецанова го засилија ЖРК Куманово, а во новата сезона победникот на Купот од клупата ќе го води селекторот на сениорската репрезентација Симе Симoвски.