Врањеш си даде отказ во Кристијансанд поради лошите резултати

Врањеш

По серијата лоши резултати, Љубомир Врањеш одлучи да си замине од тренерската клупа на шведски Кристијансанд.

Стратегот ја информирал управата дека сака да си замине, а тоа беше потврдено на официјалната страница на клубот.

„Љубо го контактираше одборот и побара да си замине, поради ситуацијата во клубот. Одборот, по долго размислување, се согласи на неговата желба и го прекина договорот“, стои во соопштението.

Замена за Врањеш ќе биде Уфе Ларсон, кој долго време работи во шведскиот прволигаш.