Врањеш: Македонија ја победи Данска, дефинитивно не се лош тим!

Среќата посака Македонија за противници во првата фаза на Европското првенство да добие две селекции од врвот, па покрај Црна Гора, ќе играме против Данска и Словенија

Токму предводникот на Словенците, Љубомир Врањеш ја коментираше ждрепката и даде свое видување за групата. Покрај стандардните пофалби за Данска, искусниот стратег имаше позитивен коментар и за нас, но повика на претпазливост и со Црна Гора. 

„Во групата од првиот дел на ЕП, ждрепката ни ги додели светскиот првак и селекција од најдобрите на светот, Данска. Тоа го гледам како предност, ќе започнеме на високо ниво. Сепак, Данците неодамна загубија квалификациски меч од Македонија, што значи дека ниту тие не се лош тим. Ниту Црногорците не треба да се отпишат во групата. Секој натпревар ќе биде побарувачки, сите ќе бидат дербија. Без оглед на сè, мислам дека добивме добра група“, изјави Врањеш.

Словенија ќе биде прв противник на Македонија на Европското првенство, а дуелот е планиран да се одигра на 13 јануари во Дебрецен.