Воркапиќ: Не знам дали имаме големи шанси со Висла, но мора да дадеме максимум!

Ракометарот на Вардар 1961, Вукашин Воркапиќ, е свесен дека пред тимот е тешка задача во Полска, но верува дека со подобар пристап и поголема борбеност може да се извлече позитивен резултат од натпреварот со Висла Плок во Лигата на шампионите. 

Вардарци се во потрага по првите бодови во елитниот ранг на ЕХФ, но Воркапиќ објективно вели дека ривалот е фаворит на хартија. 

„Теоретски сè е можно, иако реално можеби немаме големи шанси. Не знам дали на првиот натпревар го дадовме максимумот, но тоа не беше доволно. Сега мораме да се собереме, да ги анализираме грешките и да го поправиме она што може да се поправи.

Ќе сториме сè за да одиграме поинаков натпревар, да покажеме повеќе и да се обидеме да ги освоиме двата бода што толку многу ги посакуваме. За тоа ни се потребни вистински пристап и енергија. Тоа е најважно и ќе го дадеме максимумот“, изјави Воркапиќ.

Натпреварот меѓу Висла Плок и Вардар се игра во среда од 20:45 часот, во рамките на четвртото коло од Лигата на шампионите.