Вори: Вардар не беше подобар, ние немавме среќа!

Македонскиот ракометен шампион Вардар уште еднаш докажа дека владее во регионот и синоќа ја одбрани титулата во СЕХА лигата. 

Вардарци во големото финале во „Јане Сандански“ славеше сигурна победа над ППД Загреб (26-24), а по мечот еден од најискусните ракометари на хрватскиот првак Игор Вори истакна дека Вардар не беше подобар противник и дека неговиот тим немаше среќа во клучните моменти. 

„Одигравме ТОП. Кога ќе загубиш секогаш е тешко да кажеш нешто, но вечерва Вардар не нè надигра. Едноставно немавме среќа на овој Ф4 турнир. Останавме без Миклавчиќ за овој дуел и моравме целосно да го промениме стилот на игра. ППД Загреб одигра фантастичен меч и горд сум на моите соиграчи. Мислам дека никој во Скопје не го намачил вака Вардар“, вели искусниот кружен напаѓач.


За Вардар овој трофеј е негов четврти во СЕХА лигата, откако претходно славеше на завршниците во Загреб, Нови Сад и Брест.