Волф со најмногу интервенции на ЕП, сам фати речиси колку голманите на шампионот

Европското ракометно првенство кое се одржа во Германија веќе е архивирано, трофејот замина во витрините на Франција, сребрена беше Данска, додека Шведска во „малото“ финале слави против домаќинот за бронза. 

Токму од редовите на домашната селекција доаѓа најдобриот голман на првенството. Андреас Волф беше одбран во идеалниот тим, а има и зошто. Германскиот голман собра најмногу интервенции на турнирот, водејќи го својот национален тим до битката за медали. Волф фати вкупно 92 топки од 274 шута кон неговиот гол, со процент од 33,58% на девет натпревари. На второто место по овој параметар беше Константин Местл од Австрија, кој бранеше на седум средби и фати 81 шут, а третото место му припадна на сребрениот Емил Нилсен со 78. Над 70 интервенции беа уште Паличка (Шведска) и Ферлин (Словенија). 

Интересно, голманското дуо на новиот европски првак Франција заедно комплетира 96 интервенции. Самир Беласен собра вкупно 63, додека 33 му припаднаа на неговиот колега Реми Дезбоне. Сепак, Беласен и Дезбоне делеа минутажа, додека Волф беше неприкосновен и бранеше на сите натпревари освен против нашиот национален состав.

Што се однесува до голманите на Македонија, Мартин Томовски собра вкупно 17 на натпреварите против Швајцарија и Германија, додека Никола Митревски имаше 12 против Германците и Французите.