• Саше Љолес

Голманот на германската репрезентација, Андреас Волф, би можел да ја напушти екипата на Кил и да продолжи во друг германски клуб, а според медиумите, Гумерсбах во моментов е најсериозен кандидат за неговиот потпис.
Иако искусниот голман има договор со Кил до 2028 година, продолжувањето на соработката не оди според очекувањата на клубот. Раководството сака да го задржи еден од најважните играчи во тимот, но Волф наводно размислува за нов предизвик, поради што неговото заминување станува сè пореална опција.
Интерес за германскиот репрезентативец има од повеќе страни. Берлин, Флензбург и Штутгарт исто така ја следат ситуацијата, но Гумерсбах засега се наметнува како најконкретна опција.
Останува отворено и прашањето кога би се реализирал евентуалниот трансфер. Волф би можел да го промени клубот уште следното лето, но во таков случај Гумерсбах ќе мора да постигне договор со Кил и да плати обесштетување за предвременото заминување на голманот.
Ангажманот на голман од калибарот на Волф би бил сериозен сигнал за амбициите на Гумерсбах, клуб со богата историја и освоени европски трофеи. Во тимот не ја кријат желбата повторно да се вмешаат во борбата за највисоките позиции во германскиот ракомет, а долгорочната цел е враќање во Лигата на шампионите.




