Волф го надмина Штербик од Вардар: Падна најголемиот трансфер во историјата!

Германскиот ракометен репрезентативец Андреас Волф повторно ќе заигра во најсилната лига на светот – Бундеслигата. 33-годишниот чувар на мрежата ќе го брани голот на Кил, клуб за кој настапуваше од 2016 до 2019 година.

„Зебрите“ со ангажманот на Волф го остварија најголемиот трансфер во историјата. Според ексклузивни информации на „Германијак“, Киелце доби отштета од неверојатни 1,6 милиони евра, а ќе добие уште евентуални 400.000 евра ако Кил освои трофеј во ЛШ, Европската лига или Бундеслигата во следни две сезони.

Поточно, ќе добие 200.000 евра за титула во ЛШ, уште 200.000 евра за титула во Бундеслигата, а ако ја освои Европската лига која е натпреварување од втор ешалон на ЕХФ, сумата која ќе легне на сметката на полскиот тим ќе биде 100.000 евра.

Како што велат од хрватскиот медиум, Кил морал да го одврзе кесето за Волф. Трансферот кој го завршил менаџерот Саша Братиќ на голманот ќе му донесе 45.000 евра месечна плата. Ако се соберат 12 месеци од плати, тоа е сума од 540.000 евра.

Во златната ера на Вардар, во Скопје бранеше еден од најголемите голмани на сите времиња – Арпад Штербик. За него, иако се уште непотврдено, низ кулоарите се говори дека за да дојде во „црвено-црните“ потпишал бланко-чек од 500.000 евра по сезона. Тоа значи дека Волф ја надминува и рекордната плата на шпанскиот чувар на мрежата од вардаровото време.