Војводина со победа се прости од СЕХА, Татран против Мотор во четвртфиналето

Екипата на Татран Прешов загуби на осминафиналниот реванш-меч со Војводина (22-27), но благодарение на победата во нивната прва пресметка е петтиот патник во четвртфиналето на регионалното ракометно натпреварување, СЕХА лигата. Противник во борбата за фајнал-фор ќе му биде тимот на Мотор Запорожје, кој првата фаза ја заврши како лидер во групата Б.

По вчерашната убедлива победа од 12 гола разлика, јасно беше дека словеачкиот шампион на оваа средба нема да влезе со максимален пристап, шанса за настап добија играчите со помала минутажа, а тоа го искористи Војводина и со јалова победа се прости од СЕХА лигата оваа сезона. 

Стартот на натпреварот во Прешов мина во израмнета игра и неколку промени на водството, по што српскиот влезе во посакуваниот ритам и во финишот од првиот дел со серија на лесни голови се избори за водството од четири гола разлика (11-15). Војводина и по одморот продолжи со одличната игра и погонот на Шотиќ и Ковачевиќ забележа победа од 22-27..

Токму Шотиќ и Ковачевиќ со по шест гола беа најпрецизни во таборот на Војводина, додека во редовите на домашниот тим се истакнаа Рабек и Лихерес со по пет гола. Нашите претставници Вардар и Еурофарм Пелистер сè уште ги чекаат своите ривали за осминафиналната фаза.