Војводина со пирова победа над Шафхаузен, Нант сигурен патник во четвртфиналето

Екипата на Војводина успеа да го забележи вториот триумф во третата група од Европската лига на ЕХФ и славеше на домашен терен против Кадетен со конечни 24-21. Домашниот тим немаше среќа и не ја обезбеди потребната разлика од четири гола за прогрес во следната фаза, иако го имаше последниот напад на мечот. 

Домаќините водеа и по првите триесет минути (11-8), а до крајот успеаја да ја одржат предноста и да дојдат до втората победа во групната фаза, но недоволно за пласман во осминафиналето. 

Најефикасен во победничкиот табор беше Словенецот Оцвирк со шест голови, додека кај Кадетен најдобар беше Полјакот Петрашик со еден погодок повеќе. Сјајно издание на голот кај домаќините имаше голманот Андреј Трнавац, кој забележа 19 одбрани. 

Фуксе Берлин обезбеди сигурен пласман во следната фаза со триумфот на Констанца (35-31), а екипата на Нант е директен патник во четвртфиналето по убедливиот триумф над Хановер со конечни 33-26.