Војводина сериозно се засилува за СЕХА, го договори Немања Прибак! 

Српскиот шампион доведе големо засилување за следната сезона, откако го договори преминот на поранешниот македонски репрезентативец, Немања Прибак. 

По пазарењето од домашната лига и доведувањето на поранешниот член на Металопласитка, Богдан Медуриќ и Стеван Сретеновиќ од Железничар, челните лица на Војводина постигнале договор со искусниот Прибак, кој во следната сезона треба да биде главен организатор на тимот во настапите на домашна и европска сцена, како и во СЕХА лигата. 

Поранешниот миленик на вардаровата публика, пред извесен период најави дека ќе ги напушти редовите на турскиот шампион Бешикташ, па во трката за неговиот потпис на крај победа извојува српскиот првак, кој во следната сезона ќе биде противник или на Вардар или на Еурофарм Работник во регионалната лига. 

Според најавите од клубот, Прибак нема да биде единственото засилување во овој период, затоа што во завршна фаза се преговорите со Милан Вучковиќ. 

Најнови вести од
СЕХА Лига