• Зоран Мишевски
Српскиот ракометен шампион и противник на Алкалоид во групната фаза на Европската лига, Војводина од Нови Сад и искусниот Маруан Шуиреф ја прекинаа соработката, па Тунижанецот е слободен да избере нова средина. Во Нови Сад веќе втора сезона настапува уште еден туниски ракометар, бекот Мохамед Азис.
Клубот од Нови Сад има пеколна конкуренција на линијата со Лука Роган и Живан Пешиќ, па поранешниот играч на францускиот тим Трембле не се снајде најдобро. Војводина пред неколку недели го доведе Додиќ од Целје, па буџетот од Шуиреф ќе го пренасочи кон српскито среден бек.
Војводина е неприкосновен лидер во српскиот шампионат, минатата сезона го освои ЕХФ Купот, а сезонава во Европската лига запиша две победи против Алкалоид во Скопје и Силкеборг во Нови Сад.