• Мартин Танасковски
Екипата на Војводина гради сериозен тим за следната сезона и за прогрес во Европската лига на ЕХФ, а српскиот првак имал битка надвор од теренот со македонскиот тим Алкалоид за еден играч.
Како што јавува „Моцарт Спорт“, нов ракометар на тимот од Нови Сад е 26-годишниот лев бек Милан Јовановиќ. Повратникот во репрезентацијата на Србија доаѓа во Војводина од српска Металопластика каде играше една сезона.
Играчот има искуство во Франција, каде претходно настапуваше за Тулуз, од 2018 до 2022 година. Како што пишува „Моцарт Спорт“, Војводина ја добила битката за потписот на овој играч со Алкалоид и со Партизан.
Покрај Јовановиќ, во редовите на Војводина доаѓаат уште тројца странци, тоа се левото крило Ахмед Сеса од Ал-Ахли, Фран Милета од Нексе, како и Миха Кавчиќ од Олимпијакос.