Војводина го освои ЕХФ-Купот, трофеј по две децении за српскиот ракомет!

Ракометарите на Војводина се освојувачи на ЕХФ-Купот, откако во финалето славеа победа над норвешкиот тим Нербо со 25-23 и со вкупни 55-46 стигнаа до трофејот. Војводина имаше предност од седум голови уште по првиот натпревар, а денес во Ставангер само ја потврди фаворитската улога и сосема заслужено стигна до престижниот трофеј на ЕХФ. 

Домашниот состав го отвори мечот за мала нијанса подобро и имаше предност од три голови разлика, но до паузата Војводина се врати во неефикасното полувреме и резултатот гласеше 10-10. 

Второто полувреме понуди поинаква слика и работите почнаа да се вртат во корист на гостите од Србија. Домаќините немаа сили за поголема серија и надополнување на негативата од првиот натпревар. Гостите успеаја да поведат и со три разлика пред самиот истек на шеесетте минути и ја потврдија победата со резултат 23-25. 

Најефикасни на кај победничкиот тим беа Пукоски со седум и Азис со шест погодоци, додека кај Нербо најрасположен за игра беше Норвежанецот Теодор Свенсгард, кој постигна осум погодоци од вкупно десет обиди кон голот. 

Војводина успеа да стигне до првиот европски трофеј во својата историја, прв за српскиот ракомет по пауза од 22 години.