• Иван Димовски
Хрватскиот голман Филип Ивиќ замина од Еурофарм Пелистер и потпиша договор со српскиот вицепрвак Војводина. Сепак, соработката прекина уште пред да започне, а причината за такво нешто е бизарна.
Имено, викендов хрватскиот пејач Марко Перковиќ - Томпсон имаше масивен концерт во Загреб, а еден од гостите беше и голманот Ивиќ. Тоа не им се допадна на неговите нови работодавци, причината е тоа што Томпсон пее доста родољубни или патриотски песни. Од клубот веднаш се огласи преку соопштение, а „потписник“ на обраќањето кон јавноста беше претседателот Душан Бајатовиќ.
„По повод појавувањето на Филип Ивиќ на усташкиот собир на Марко Перковиќ - Томпсон.
Ракометниот клуб Војводина ги темели своите вредности не само на спортски успеси, туку и на почитување кон историјата, жртвите и вредностите. Запрепастени бевме кога ја примивме веста дека Ивиќ присуствувал на овој усташки собир, настан кој не претставува никаков музички собир, туку усташки испад на кој се величаат идеи и симболи кои за српскиот народ се синоним за злосторство.
За нас како клуб тоа е неприфатливо. Во Војводина нема место за оние кои присуствуваат на настани кои навредуваат спомено за невини жртви.
Поради тоа, управата веднаш го раскина договорот со Филип Ивиќ, бидеќи никој кој стои рамо до рамо со луѓе што слават зло не може да го носи нашиот дрес“, напиша клубот.
Филип Ивиќ воопшто не одработе ниту тренинг со Војводина, бидејќи подготовките за новата сезона не се започнати. Искусниот Хрват сега ќе мора да побара нова средина.
