Војводина доведе уште еден вардарец, Николиќ го засили српскиот вицешампион

По завршувањето на ланската сезона, Матија Николиќ не го продолжи договорот со Вардар  1961 и долго време беше во потрага по нова средина. На крај одличниот среден бек се реши за враќање во татковината, каде ќе го носи дресот на Војводина.

За српскиот вицешампион ова ќе биде второ летно засилување од редовите на Вардар, откако на релација Скопје-Нови Сад се упати и крилото Марко Срдановиќ. Николиќ дресот на „црвено-црните“ го носеше две сезони, а претходно ги бранеше боите на Крка и Црвена Звезда

Војводина под водство на Владан Матиќ ќе настапи на регионалниот турнир во Скопје и за противници ќе ги има екипите на Вардар, Еурофарм Пелистер и Ловќен.