Војводиќ заминува од Вардар, кариерата ќе ја продолжи во Романија

Српскиот ракометар Јања Војводиќ од наредната година ќе ги брани боите на романскиот прволигаш Минаур Баја Маре.

Младиот организатор на играта со Вардар освои две шампионски во Лигата на шампионите откако се пресели во тимот пред три сезони. 

Не добиваше голема минутажа на европските настапи, но затоа беше дел од натпреварите во СЕХА лигата и македонскиот шампионат. Во ЛШ постигна само два гола, но на крај се израдува на трофејот по херојското издание на „црвено-црните“ во Келн.

Пред да пристигне во Македонија, Србинот настапуваше во полски СЛАСК и шпанска Пуерте Хенил.