• Горан Упале
Репрезентативците на Македонија пристигнаа во Битола, од каде ќе ги започнат квалификациите за Европското првенство во 2020 година кое ќе се одржи во Швајцарија, Данска и Норвешка.
Ракометарите добија слободни часови од својот селектор, и истото го искористија со кафе и дружба на Широк Сокак. Вечерва, во салата „Боро Чурлевски“ која е целосно подготвена за нов ракометен спектакл, се планира да се одработи и последниот тренинг пред дуелот со Турција, кој ќе започне од 17:00 часот и ќе биде од затворeн карактер.
Натпреварот против турската селекција се игра утре од 20:15 часот, а веќе в недела Македонија во Кожани го игра вториот натпревар од овие квалификации, против Грција.




