Водечките немаа проблем, Тиквеш и Прилеп запишаа нови победи

Тиквеш остана на врвот на табелата во плеј-аут конкуренцијата, запишувајќи ја седмата победа и тоа на дуелот со Астраион Струмица (18-37) во рамки од деветтото коло.

Фаворитот одигра идентично добро во двете полувремиња и немаше проблем да запише нови бодови. Веќе на пауза замина со висока предност, која ја зголемуваше до крајот на мечот. Ова беше полесен тренинг за кавадарчани, кои се осамени на првата позиција.

  • Комплетниот натпревар меѓу Астраион и Тиквеш: 

Вториот денешен дуел донесе понеизвесно надигрување со среќен крај за Прилеп во судирот со Работнички (31-28).

  • Комплетниот натпревар меѓу Прилеп и Работнички:

Гостите се разбудија касно и имаа шанса да го направат мечот поинтересен во завршницата. Меѓутоа негативата од првиот дел за нив беше преголема, па бодовите останаа кај прилепчани.