ВИДЕО: Во соблекувалната на Вардар ечеше шампионска песна

Ракометарите на Вардар ја освоија четвртата титула во СЕХА лигата, откако во интересното финале на завршниот турнир го совладаа составот на ППД Загреб со 26-24. По оние титули во Загреб, Нови Сад и Брест, вардарци ја додадоа и оваа од Скопје. 

Следен предизвик за македонскиот, СЕХА и европски шампион ќе биде четвртфиналниот двомеч против германскиот Кил, но титулата во регионалното натпреварување заслужи да биде прославена како што треба, пред да почнат подготовките за германскиот гигант. 

Од соблекувалната на вардарци ечеше „Шампионе, шампионе“....Погледнете како се радуваа шампионите: