Во пресрет на Ф4 во Келн, ЕХФ го потврди „ол-стар“ тимот во ЛШ!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го одреди најкорисниот тим за сезоната 2020/21 во рамките на Лигата на шампионите. На ден пред стартот на завршниот „фајнал-фор“ турнир во Келн, ЕХФ ги потврди најдобрите на своите позиции за тековната сезона. 

Во тимот доминираат играчи на Барселона, дури четворица, пред ПСЖ со два, а Нант, Кил и Алборг имаат по еден. 

  • Најдобриот тим за сезоната 2020/21 во ЛШ:

Голман: Никлас Ландин (Кил)
Крила: Абељо Гомес (Барселона), Валеро Ривера (Нант)
Кружен напаѓач: Лудовик Фабрегас (Барселона)
Бекови: Дика Мем (Барселона), Лука Циндриќ (Барселона), Микел Хансен (ПСЖ)
Најдобар тренер: Алберто Ентрериос (Нант)
Најдобар дефанзивец: Хенрик Молгард (Алборг)
Најдобар млад играч: Дилан Нахи (ПСЖ)

Во тимот немаше место за ракометната легенда на Македонија, Кирил Лазаров, а за разлика од изминатите години сега во тимот се најде само еден поранешен вардарец во името на Лука Циндриќ.