Во некои делови од Германија ќе се игра бундеслигашки ракомет со публика

Екипите од германската Бундеслига се изборија и ја исполнија својата намера, па на одредени мечеви од новата сезона на трибините ќе присуствуваат навивачи. 

Сепак, улога ќе играат бројни фактори, ќе се почитуваат строги протоколи и нема да бидат исполнети целосните капацитети на салите. Исто така, многу важно ќе биде и во кој дел од Германија се игра средбата, па во зависност од активните случаи на инфицирани со ковид-19 ќе се добиваат дозволи за продажба на влезници. 

Меѓу првите кои потврдија дека во првото коло ќе игра пред публика е и Вецлар на поранешниот репрезентативец, Филип Миркуловски, кој во „Ритал Арена“ ќе игра пред околу 800 гледачи против Флензбург