Во Монпелје имаат план: Прво да го запреме ентузијазмот, па ќе ја згаснеме надежта на Вардар

Ракометниот клуб Монпелје допатува во Скопје со предност од десет гола (33-23) во пресрет на реванш четвртфиналето во борбата за Европскиот куп на ЕХФ против Вардар. Французите имаат јасна визија и цел, а нивниот тренер Ерик Мате го сподели планот по кој ќе се водат. Според него, најважно е да се запре ентузијастичниот Вардар уште во првиот дел. 

„Мора да издржиме во првото полувреме. Треба да го задржиме ентузијазмот на Вардар. Ако тоа ни успее, во вториот дел ќе им ги згаснеме надежите на Македонците за завршниот турнир“, изјави Мате.

Реваншот меѓу Вардар 1961 и Монпелје во борбата за „фајнал-фор“ турнирот се игра во салата „Јане Сандански“ вечерва во 20:45 часот.