Во Киелце е само неколку дена, но веќе е капитен: Тоа го може само еден!

Полскиот гигант Киелце, им приреди големо изненадување на своите фанови, откако објави кој ќе биде капитен на тимот во следната натпреварувачка година. 

Лентата му беше доделена на искусниот германски чувар на мрежата, Андреас Волф, кој пред само неколку дена пристигна во Полска од редовите на Кил. Иако досега нема одиграно ниту еден натпревар за Киелце, не го знае полскиот јазик, ниту градот и навивачите, Германецот ќе понесе голема одговорност во еден од најамбициозните европски клубови во овој момент. 

„На почетокот бев изненаден, бидејќи тука сум само два дена. Но, понуда да се биде капитен на ваков тим не се добива секој ден. Затоа позитивно одговорив на барањето на тренерот“, рече Волф. 

Во новата сезона на Лигата на шампионите, Киелце ќе биде дел од групата Б, а за противници ќе ги има Кил, Мешков Брест, Монпелје, Веспрем, Порто, Вардар и Мотор.