Во Грција ќе се игра ракомет пред 20.000 гледачи!

Иако Грција никогаш немала големи успеси на клупско или репрезентативно ниво во ракомет, интересот во земјата што ни е противник во квалификациите за следното ЕП, расте по пласманот на АЕК Атина во финалето на Челинџ Купот.

Од раководството на атинскиот тим, во кој играат двајца поранешни ракометари на Охрид, Елдин Вражалица и Малик Хогас, решија да го играат финалниот меч против романската Потаиса Турда во познатата „ОАКА Арена“.

Салата беше отворена во 1995 година, се користеше за Олимписките Игри во Атина 2004 година, а сега е дом на кошаркарите на Олимпијакос и АЕК. Сега ќе се запише и на европската мапа, како втора сала по големина во која се играат ракометни натпревари.

Најголема е „Ланксес Арена“ во Келн со капацитет од 19.500 место, за 250 повеќе од „ОАКА Арена“, која може да собере 19.250 гледачи. Натпреварот меѓу АЕК Атина и Турда ќе се игра на 19 мај.