ФОТО: Во Битола за првпат ќе се игра ракомет на герфлор подлога

Организаторите на овогодишниот завршен турнир на ракометниот Куп на Македонија, ги вршат последните подготовки за спектаклот кој ќе се одржи овој викенд. 

Битолските екипи, Пелистер и Еурофарм Работник заеднички ќе го организираат овој Ф4 турнир, а за првпат во салата „Младост“ ќе се игра на герфлор подлога. Подлогата на која се игра ракомет речиси во секоја сала ширум Европа, веќе се поставува над паркетот во битолската сала и најверојатно ќе биде готова до утре, па екипите на истата ќе можат да ги извршат своите последни подготовки во пресрет на натпреварите. 

Фајнал-фор“ турнирот ќе го отворат големите ривали Пелистер и Вардар (16.30) часот, додека од 19.15 часот ќе започне вториот полуфинален меч меѓу Еурофарм Работник и Металург