• Горан Упале
Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер извојува убедлива победа во првата фаза од Купот на Македонија. Во Битола со 57-16 совладан беше тимот на Шампион, но на овој натпревар е испишана нова страница во историјата на македонскиот ракомет.
Автор на подвигот е младиот репрезентативец на Македонија, Петар Атанасијевиќ. Имано, крилото на пелистерци беше немилосрден и зад своето име запиша неверојатни 32 (ТРИЕСЕТ И ДВА) гола. Тоа е апсолутен рекорд во историјата на машкиот македонскиот ракомет.
- Комплетниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Шампион:
Од овие 32 гола, девет ги постигна во првото полувреме, додека останатите дваесет и три во второто полувреме. По завршувањето на натпреварот Атанасијевиќ легна на паркетот и до него дотрчаа сите соиграчи да му честитаат. Инаку, претходниот рекорд го држеше Златко Димитровски, кој во дресот на Тиквеш на еден натпревар постигна 31 гол.
Ракомет
Куп на Македонија 2023/24
Прво коло
Еурофарм Пелистер – Шампион 57-16 (26-3)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Глеедачи: 500
Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Тајник, Борзаш, Танкоски 1, Радивојевиќ, Кузмановски, Костески 10, Нилсен 5, Петровиќ 3, Пет. Атанасијевиќ 32, Ѓорговски 2, Васиљев, Пав. Атанасијевиќ 4, Стевановиќ
Седмерци: /
Исклучувања: 2 минути
Шампион:
Христов, Дамчевски 1, Богоeвски 3, Белчевски, Бадаревски, Огненовски 6, Вренцоски 1, Петроски, Дебрешливоски 2, Сибиновски 1, Мирчевски 2, Трајковски, Перчуклиевски, Билбиловски, Чивлачки
Седмерци: 2/1
Исклучувања: /
Покрај него ефикасен во редовите на Пелистер беше и Костески со десет гола, а пет запиша пивотменот Нилсен.