Владата потврди 30 милиони денари за Вардар, милион денари за Бесир Алили

Владата на Република Македонија на својата 141. седница ги потврди паричните премии за ракометниот клуб Вардар, како и за младиот борач Бесир Алили кои достоинствено ја претставија нашата држава надвор од границите.

Вардар ја освои Лигата на шампионите, додека Алили освои златен медал на Европското првенство за кадети.

„Владата донесе одлука да му додели 30 милиони денари на Ракометниот клуб Вардар за освоената титула Европски шампион во ракомет, како и одлука да му додели 1 милион денари на Бесир Алили за европската шампионска титула во борење во категоријата кадети“, стои во соопштението на Владата.

Парична награда од Владата ќе добие и тренерот на Бесир Алили, во висина од 300.000 денари.