Владан Матиќ ќе го замени Ројевиќ во Војводина!

Раководството на Војводина пред неколку дена ја прифати оставката на Борис Ројевиќ и веќе го назначи наследниот на српскиот тренер кој најверојатно од следната сезона ќе седне на клупата на македонскиот суперлигаш Охрид. 

Нов предводник на српскиот шампион ќе биде Владан Матиќ. Искусниот стратег кој своевремено беше и селектор на Србија се враќа во домашниот шампионат, откако во последните години работеше во Унгарија во екипите на Татабања и последно во Чурго.

Чурго, пак, одново ќе биде предводен од тренер од Србија. За нов шеф на стручниот штаб е назначен некогашниот член на Вардар и кружен напаѓач на Србија, Алем Тоскиќ.