Вистинска реткост: Голман од Египет фати жива од пенал во Бундеслигата (ВИДЕО)

На ракометниот натпревар во Бундеслигата помеѓу Балинген и Гепинген видовме ситуација каква што ретко се гледа на ракометните терени.

Голманот на домашната екипа Мохамед Ел Тајар впиша несекојдневна интервенција, откако од пенал успеа да ја фати топката жива. Несреќниот изведувач на седмерецот беше Шилер, кој впрочем беше еден од најдобрите ракометари на оваа средба, која на крај заврши со победа на Балинген од 30-29.

Одбранетиот пенал на Ел Тајар може да го погледнете на ОВОЈ линк.

Инаку, Ел Тајар е Египќанец, има 28 години, а претходно настапуваше за Лајпциг во Германија.