Висла Плок водеше на полувреме, но на крај убедливо загуби од Киелце

Иако дербито меѓу Киелце и Висла Плок не решаваше во поглед на место на табелите, бидејќи и двете екипи се први во своите групи од полскиот шампионат, сепак натпреварот донесе возбудувања.

Во поголемиот дел од првото полувреме гостите од Плоцк го диктираа темпото и водеа, но десното крило Валентин Јонеа доби црвен картон во 27 минута и Киелце намали на 17-18 до паузата.

Во вториот дел се распадна играта на Висла, а ветеранот Биелецки го полнеше голот на Борбели и Моравски. На крајот победата за Киелце беше и убедлива, 36-30. Најдобри стрелци беа Биелецки со осум кај Киелце и Де Толедо со пет кај Висла.

До крајот на регуларниот дел од чудниот систем на натпревари во Полска има уште четири кола, а Висла и Киелце ќе ја пропуштат првата фаза од плеј-офот како први во своите групи и ќе се приклучат во четвртфиналето.