• Саше Љолес

Унгарскиот репрезентативец Герго Фазекаш официјално го продолжи договорот со Висла Плок и ќе се задржи во полскиот тим најмалку до 2029 година, јавуваат повеќе специјализирани ракометни портали.
Фазекаш настапува за Висла како позајмен играч од Веспрем, но реши да остане во Полска, каде веќе се наметна како еден од најдобрите поединци во тимот. Одлуката за овој чекор е веројатно поврзана со трансферот на Исланѓанецот Палмарсон во Веспрем, па затоа средниот бек реши да остане во тимот каде сигурно ќе добива значително поголема минутажа.
Договорот со Висла Плок беше актуелен до следната година, но сега потпиша продолжување на соработката за уште најмалку четири сезони.