Висла немаше сили за „кам-бек“, второ елитно четвртфинале во низа за Спортинг

Ракометарите на Висла Плок не успеаја да ја надополнат негативата од четири гола, со што испаднаа од Лигата на шампионите по двомечот со Спортинг, и покрај минималната победа во реваншот со конечни 28-27. 

Во првото полувреме полскиот тим одигра солидно и имаше два гола предност на паузата (13-11), а во вториот дел Португалците успеаја да се одржат во игра и не му дозволија на полскиот тим да им создаде поголеми проблеми. 

Имаше Висла во неколку наврати +2 и тргна во силна офанзива во финишот, но Спортинг го задржа моментумот на домаќинот и на крајот се избори за безболен пораз.

Најдобар поединец во победничкиот состав беше Франциско Коста со осум голови, а на спротивната страна, седум погодоци впиша Сергеј Косоротов. Спортинг во четвртфиналето на елитното натпреварување ќе ги одмери силите со данскиот Алборг