• Иван Димовски

Висла Плок остана единствен максимален тим во групата А на Европската лига при ЕХФ, откако вечерва се радуваше на гости кај Тулуз со 25-26. Дуелот во групата каде се натпреварува и Металург мина во знакот на Полјаците, кои во финишот можеа да останат без триумфот.
Гостинот од Плок одлично отвори и бргу стигна до највисоките +5, ама Тулуз успеа да се врати во натпреварот. Вториот дел се играше егал, во кој посигурни на крајот беа ракометарите на Висла за голема победа. Најкорисен играч на мечот беше Нтанзи од Тулуз со шест реализации, додека седум имаше Руиз Санчез од Висла.
- Тулуз - Висла Плок 25-26:
Во групата на Металург се одигра и трилер меч меѓу Фиверс и Адемар Леон, кој заврши со нерешен исход од 33-33. Шпанците беа подобар ривал, долго водеа, ама не ја задржаа предноста до крајот. Во првиот дел Адемар имаше и позитива од четири голови, што беше највисока позитива. По паузата се играше гол за гол, а иако гостинот беше тој кој го диктираше резултатот, не успеа да победи и мечот заврши без победник.
- Фиверс - Адемар Леон 33-33:
Со седум голови најпрецизен беше Хутечек од Фиверс, додека шест имаше Данбок. На спротивната страна, Феучтман собра шест голови, а Перез пет.
- Нексе Нашице - Магдебург 24-32:
На останатите терени Фуксе Берлин го победи Динамо Букурешт (33-29), Монпелје слави против Алингсас (32-21), Магдебург беше подобар кај Нексе (24-32), ЦСКА дома го доби Бешикташ (32-24), Кристиjанштад лесно се справи со Татран Прешов (32-25) и Спортинг загуби дома во Лисабон од Ним (26-30).
- Кристијанштад - Татран Прешов 32-25:
- Спортинг Лисабон - Ним 26-30:
Фуксе Берлин - Динамо Букурешт 33-29: