Вирусот е минато, Кузмановски им се враќа на тренинзите на Хановер!

По скоро двонеделниот карантин, Филип Кузмановски го „совлада“ коронавируост и порано од предвиденото ќе ги започне подготовките за вториот дел од сезоната на својот Хановер

Македонскиот ракометар по завршувањето на обврските со репрезентацијата на Светското првенство во Египет, се врати во Германија, каде го доби непосакуваниот позитивен тест за коронавирус и беше приморан одреден период да мине во самоизолација. 

Сега, вирусот е веќе минато за 24-годишниот бек, кој веќе ги доби потребните два негативни ковид-теста и полека ќе им се врати на тренинзите на својот клуб. Најпрво ќе започне со полесни тренинзи, под лупа на кондиционите тренери на тимот, а како ќе се подобрува неговата физичка подготвеност, така ќе влегува во ритам под палката на тренерот Ортега. 

Инаку, Кузмановски имаше одличен турнир во Египет, беше еден од најдобрите ракометари на Македонија, а Светското првенство го заврши како втор стрелец во нашиот табор, веднаш зад капитенот Кирил Лазаров.