Вирус ги „нападна“ бутелци, одложен дуелот против Охрид

Овој викенд со пет натпревари требаше да започне вториот дел од сезоната од ракометната Суперлига на Македонија, но еден натпревар е веќе одложен. 

Дербито на 15. коло меѓу Бутел и Охрид е пролонгирано за по една седмица, затоа што незгоден вирус ги нападна бутелци. РФМ и Охрид му излегоа во пресрет на тимот на Бутел и со заедничка одлука го пролонгираа натпреварот за на 4 март. 

„Гладијаторите“ првиот дел од Супер лигата го затворија на втората позиција заостанувајќи само еден бод од лидерот на табелата, Металург, додека Бутел презими на третото место.

Останатите четири натпревари треба да се одиграат според договорените термини.

Струга – Металург (сабота 14:30)
Радовиш – Пролет (сабота 18:00)
Пелистер – Работнички (сабота 18:30)
Вардар Јуниор – Металург 2 (недела 12:00)