Виран Морос се враќа во одбранбениот бедем на Шпанија

Специјалистот за одбрана Виран Морос повторно ќе го облече дресот на репрезентацијата на Шпанија.

Жорди Рибера го повика за претстојните дуели против Данска и Норвешка во рамки од Еврокупот. 38-годишникот последен пат ги бранеше боите на својата селекција на Летните Олимписки Игри во Токио.

Повредата не му овозможи да се најде на листата за настап на Европското првенство, каде Шпанците загубија во финалето по драматичен финиш од Шведска.

Виран Морос ги освои сите трофеи со Сиудад Реал и Барселона, а сега го носи дресот на ПСЖ.