Винчек го пропушта дуелот со Вардар во ЛШ?

Еден од најдобрите германски дефанзивци, кружниот напаѓач на Кил, Патрик Винчек се повреди на натпреварот против Австрија и нема да игра на преостанатите два натпревари од Европското првенство. Германија утре ќе се сретне со Чешка, но исходот од овој натпревар е безначаен, а в петок следи натпреварот за петтото место.

На местото на Винчек, селекторот Прокоп ќе го пријави Мариан Михалчик. 

Со оглед на тоа што на 5 февруари, Вардар гостува кај Кил, во рамките на Лигата на шампионите, Винчек нема да има многу време да ја залечи повредата. 

Дури во следните неколку дена ќе се знае точната дијагноза и периодот кој ќе го мине надвор од терените плавокосиот кружен напаѓач на Кил.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4