Виктор Мизо назначен за нов претседател на Охрид

Ракометниот клуб Охрид и официјално има нов претседател, кој ќе има задача да ја продолжи одличната работа на неговиот претходник Димитар Василевски. 

Откако сега веќе поранешниот претседател на ракометниот клуб Охрид, Димитар Василевски си поднесе оставка веднаш по одлуката на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) да ја поништи сезоната и да не му даде виза на клубот за излез во Европа.

Негов наследник ќе биде главниот извршен директор на „Костал Македонија“ и претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство, Виктор Мизо.

Во управата на клубот остануваат истите членови, а сите едногласно најавија голема поддршка на ракометниот клуб Охрид кој е синоним за успех и успешно работење во македонскиот ракомет.